Мостот Мијо или Виадуктот Мијо (француски: le Viaduc de Millau) е највисокиот патен мост на светот, висок 343 метри, а долг 2,5 километри. Дел е од автопатот кој ги поврзува Париз и Барселона.
Градбата е започната во октомври 2001, а завршена е во декември 2004. Самостојната градежна фирма Еифаж, го изгради мостот за (за 400 милиони евра) без финансиско на државата. Во наредните 75 години таа фирма ќе ја собира мостарината. Мостот го проектирал британскиот архитект Норман Фостер.
Највисокиот од седумте огромни носечки столбови е висок 343 метри, што го прави за 23 метри повиско од Ајфеловата кула.
Во градбата се употребени 200.000 тони бетон, 36.000 тони челик и 9000 тони асфалт. Почетокот на мостот се наоѓа на 270 метри надморска височина, што не е највиско на светот (Ројал Горж од Колорадо има 321 метар).
Add new comment