Context of Гренланд

Гренланд (дански: Grønland) или Калалит Нунат гренландски: Kalaallit Nunaat — остров во Северниот Леден Океан и автономна земја во рамките на Кралството Данска. Иако и географски и етнички е поврзан со Северна Америка, политички и историски Гренланд е поврзан со Европа. Најблиски земји до Гренланд се Исланд на исток и Канада на запад. Гренланд е најголемиот остров во светот. Со своите 55.877 жители (2018), Гренланд е најслабо населена држава или зависна територија во светот. Главен град на Гренланд е Нук, а службен јазик е гренландскиот.

Гренланд бил населуван од арктички луѓе 4.500 до 5000 години. Во 10 век, нордиски народи се доселиле во јужниот дел на островот. Во 13 век на островот се доселиле Инуитите и во 15 век нордиската колонија исчезнала. Во раниот 18 век контактите меѓу Скандинавија и Гренланд биле повторно воспоставени и Данска ја основала својата колонија на островот. Гренланд станал данска...Read more

Гренланд (дански: Grønland) или Калалит Нунат гренландски: Kalaallit Nunaat — остров во Северниот Леден Океан и автономна земја во рамките на Кралството Данска. Иако и географски и етнички е поврзан со Северна Америка, политички и историски Гренланд е поврзан со Европа. Најблиски земји до Гренланд се Исланд на исток и Канада на запад. Гренланд е најголемиот остров во светот. Со своите 55.877 жители (2018), Гренланд е најслабо населена држава или зависна територија во светот. Главен град на Гренланд е Нук, а службен јазик е гренландскиот.

Гренланд бил населуван од арктички луѓе 4.500 до 5000 години. Во 10 век, нордиски народи се доселиле во јужниот дел на островот. Во 13 век на островот се доселиле Инуитите и во 15 век нордиската колонија исчезнала. Во раниот 18 век контактите меѓу Скандинавија и Гренланд биле повторно воспоставени и Данска ја основала својата колонија на островот. Гренланд станал данска колонија во 1814 година, по долгиот период на управувањето од страна на Данска-Норвешка (поточно норвешка управа). Со уставот од 1953 година, Гренланд станал дел од Кралството Данска. Во 1979 година, Гренланд се стекнал со статус на „домашна управа“, а во 2008 година Гренланѓаните гласале за префрлање повеќе ингеренции од рацете на данската власт во рацете на гренландската. Така, Гренланд станала автономна уставна држава на 21 јуни 2009 година. Во рацете на данските власти се меѓународните односи, безбедноста и финансиската политика, како и обезбедување 3,4 милијарди круни за Гренланд. Овие финансиски средства се очекуваат да се намалуваат како што се зајакнува гренландската економија.

Where can you sleep near Гренланд ?

Booking.com
490.996 visits in total, 9.210 Points of interest, 405 Destinations, 2 visits today.