Context of Пекинг

Пекинг (кинески: 北京, пинјин: Běijīng) — главен град на Народна Република Кина и еден од најнаселените градови во светот со население од околу 19,612,368 жители во 2010 година. Пекинг е политички, културен и образовен центар на државата, и истиот е дом на најголемите државни компании во Кина. Оваа метропола се наоѓа во северна Кина и се граничи со Хебеј на север, запад, југ и исток и со Тјенѓин на југоисток.

Пекинг е политички организиран како општина, која е под директа управа на владата. Пекинг е поделен на 14 урбани и супурбани окрузи како и од две рурални окрузи. Пекинг е главен транспортен центар во државата, со голем број железнички и патни линии, како и директни воздушни линии со кои се поврзува со остатокот од светот.

Пекинг е еден од четирите големи стари главни градови на Кина. Градот бил во срцето на кинеската историја со векови, и поради тоа има голем број споменици од различни историски ери, кои сите имаат национална вред...Read more

Пекинг (кинески: 北京, пинјин: Běijīng) — главен град на Народна Република Кина и еден од најнаселените градови во светот со население од околу 19,612,368 жители во 2010 година. Пекинг е политички, културен и образовен центар на државата, и истиот е дом на најголемите државни компании во Кина. Оваа метропола се наоѓа во северна Кина и се граничи со Хебеј на север, запад, југ и исток и со Тјенѓин на југоисток.

Пекинг е политички организиран како општина, која е под директа управа на владата. Пекинг е поделен на 14 урбани и супурбани окрузи како и од две рурални окрузи. Пекинг е главен транспортен центар во државата, со голем број железнички и патни линии, како и директни воздушни линии со кои се поврзува со остатокот од светот.

Пекинг е еден од четирите големи стари главни градови на Кина. Градот бил во срцето на кинеската историја со векови, и поради тоа има голем број споменици од различни историски ери, кои сите имаат национална вредност. Градот е препознатлив по палатите, храмовите и големите камени ѕидови и порти. Уметничките богатства и универзитетите го направиле градот културен центар на кинескиот народ, како низ историјата, така и денес.

Најпрометна сообраќајница во јавниот превоз е Пекиншкото метро (北京地铁), кое превезува над 9,7 милиони патници дневно.

Where can you sleep near Пекинг ?

Booking.com
490.713 visits in total, 9.208 Points of interest, 405 Destinations, 7 visits today.