故宫
( Забранет Град )
Забранет Град или Забранет Дворец (кин. 紫禁城, пинјин: Zǐjìn Chéng, мак. Цеџин ченг - букв. „Виолетов забранет град“), сместен точно во центарот на стариот град Пекинг — царски дворец за време на династиите Минг и Ќинг. Денес е познат како „музеј-дворец“ (кинески: 故宫博物院, пинјин: Gùgōng Bówùyùan), и комплексот зафаќа површина од 720.000 м², 800 објекти со 8.000 простории. Како таков, тој според УНЕСКО важи за најголемата збирка на зачувани стари дрвени градби во светот, и бил прогласен за светско културно наследство на УНЕСКО во 1987 г. како „Царски дворец на династиите Минг и Ќинг“. Дворецот се наоѓа северно во непосредна близина на Тјенанменскиот плоштад и во него може да се влезе преку Тјенанменската порта. Неговото опкружување се нарекува Царски град.
Add new comment