Lake Eyre

( Ер (езеро) )

Езерото Ер (англиски: Lake Eyre, на јазикот на домородците: Kati-tanda) е, во ретки случаи кога е полно, најголемо езеро во Австралија (и државата и континентот). Се наоѓа на околу 15 метри под нивото на морето и по тоа е најниска точка во Австралија. Максималната површина на езерото изнесува 9.500 -{км2}-. Ова солено еезеро се наоѓа во центарот на басенот на езерото Ер.

Името езерото го добило по британскиот истражувач Едвард Џон Ер, кој го открил езерото во 1840 година.

Езерото Ер се наоѓа во сушната област во централна Австралија, на северот од сојузната држава Јужна Австралија. Тоа е најнискиот дел од солените пустински рамнини. Во најсушните периоди езерото испарува и се дели на два дела (Северно и Јужно Езеро Ер, кои се поврзани со канали). Во текот на дождовните сезони реките носат вода од северозападот на областите Аутбек и Квинсленд. Количината на монсунските врнежи ја одредува длабочината на езерото. Една...Read more

Езерото Ер (англиски: Lake Eyre, на јазикот на домородците: Kati-tanda) е, во ретки случаи кога е полно, најголемо езеро во Австралија (и државата и континентот). Се наоѓа на околу 15 метри под нивото на морето и по тоа е најниска точка во Австралија. Максималната површина на езерото изнесува 9.500 -{км2}-. Ова солено еезеро се наоѓа во центарот на басенот на езерото Ер.

Името езерото го добило по британскиот истражувач Едвард Џон Ер, кој го открил езерото во 1840 година.

Езерото Ер се наоѓа во сушната област во централна Австралија, на северот од сојузната држава Јужна Австралија. Тоа е најнискиот дел од солените пустински рамнини. Во најсушните периоди езерото испарува и се дели на два дела (Северно и Јужно Езеро Ер, кои се поврзани со канали). Во текот на дождовните сезони реките носат вода од северозападот на областите Аутбек и Квинсленд. Количината на монсунските врнежи ја одредува длабочината на езерото. Еднаш на секои три години езерото достигнува длабочина од 1,5 метри, а еднаш во една деценија длабочината достигнува до 4 метри. Секои 25 години езерото потполно се полни, додека веќе наредното лето, поголемиот дел од водата испрува.

Photographies by:
ogwen - CC BY-SA 3.0
Statistics: Position
386
Statistics: Rank
204200

Add new comment

Esta pregunta es para comprobar si usted es un visitante humano y prevenir envíos de spam automatizado.

Security
312658749Click/tap this sequence: 1718

Google street view

Where can you sleep near Ер (езеро) ?

Booking.com
490.905 visits in total, 9.209 Points of interest, 405 Destinations, 90 visits today.