風水 ( Фенг шуи )

Фенг шуи (правилно: фенг шуеј; ?? - „воздух-вода“) — древен кинески систем кој синтетизира повеќе учења, вештини и техники, со цел човекот да се врати или да се задржи во допир со природата. Изворниот назив на дисциплината е Кан ју (трад. 堪輿; упр. 堪舆; пинјин: kānyú; мак. транскр.: Кан ју; буквално: Тао на небото и земјата).

Зборовите фенг шуи буквално би се превеле како „воздух-вода“ на македонски. Ова е кратенка која е земена од следниот пасус на Џангшу (Книгата на закопот) од Гуо Пу од династијата Ѓин:

„Чи го јава ветрот и се распрснува, но се задржува кога ќе дојде во допир со водата.“

Многумина модерни ентузијасти тврдат дека фенг шуи е праксата на аранжирање на предметите (како мебелот) со цел да им помогне на луѓето да ги постигнат своите цели. Но, традиционално, фенг шуи се користи првенствено за да се одбере местото на живеење, за работа и за гробни места.