ქართული ენა ( Грузиски јазик )

Грузиски јазик (ქართული ენა, картули ена) — картвелски јазик, мајчин јазик на Грузијците и службен јазик на кавкаската држава Грузија. Се пишува со уникатното грузиско писмо. Јазикот го зборуваат околу 4 милиони луѓе во Гризија и во грузиската дијаспора.

Грузискиот јазик го зборуваат, како мајчин, околу 3,9 милиони луѓе во Грузија и уште околу 500.000 Грузијци во дијаспората, најмногу во Турција, Иран, Русија, САД и останатите држави. Грузискиот јазик е сроден јазик со уште три картвелски јазика: свански јазик, мегрелски јазик и ласки јазик и заедно со овие јазика сочинуваат едно јазично семејство кое не е сродно со ниту едно од останатите јазични семејства во светот.

Destinations