Намиб е крајбрежна пустина во јужна Африка.Според пошироката дефиниција за границите на пустината, таа е протега на повеќе од 2000 километри покрај атлантскиот брег на Намибија, но и Ангола и ЈАР. Северно почнува од јужните предели околу реката Карунџамба во Ангола, продолжува низ цела Намибија и завршува кај реката Олифантс во ЈАР. Најсеверниот дел на пустината, што е од реката Карунџамба па сè до анголско-намибиската граница е познат како пустина Мосамедес (околу 450 км во должина).Јужните делови на пустината се спојуваат во соседната пустина Калахари. Од атлантскиот брег па источно пустината постепено достигнува до 200 во внатрешноста на континетот. Годишните врнежи се од 2 мм во најпустинските предели па сè до 200 мм во некои сртови, што ја прави пустината Намиб единствена вистинска пустина во јужна Африка. Овој регион издржал пустинска и полупустинска клима во минатите 55 до 80 милиони години, што ја прави пустината најстара во светот.

Пустинската геологија се сос...Read more

Пустинската геологија се состои од ергови во близина на брегот, а во внатрешноста има расштркани планини и рамнини. Песочните дини, од кои некои се високи и до 300 метри и долги 32 километри, се вторите најголеми во светот, по тие во Бадин Џаран во Кина. Температурите покрај брегот се стабилни и се помеѓу 9–20 °C (48–68 °F) годишно, а ви внатрешноста варираат. Дневните летни температури поминуваат и 45 °C (113 °F) додека ноќе се дури и до смрзнувачки.

Намиб е скоро ненаселена од луѓе, освен некои малк населби и староседелски групи, меѓу кои Химбанци и Херерци во северниот дел, и Наманци во централниот. Поради староста, Намиб е дом на ендемски видови растенија и животни, најмногу од која било друга пустина во светот. Повеќето од дивиот свет се антроподи и други мали животни кои живеат со многу мала количина вода, а во северниот дел може да се најдат и покрупни видови на животни.

Photographies by:
Lele0804 - CC BY-SA 4.0
Statistics: Position
596
Statistics: Rank
161680

Add new comment

Esta pregunta es para comprobar si usted es un visitante humano y prevenir envíos de spam automatizado.

Security
278364591Click/tap this sequence: 5541

Google street view

Where can you sleep near Намиб ?

Booking.com
490.929 visits in total, 9.210 Points of interest, 405 Destinations, 11 visits today.