Пржевалскиев коњ

Пржевалскиев коњ (науч. Equus ferus przewalskii, монголски: тахь) — редок и загрозен подвид на дивиот коњ (Equus ferus) од степите на Средна Азија. До релативно скоро важел за изумрен во дивината (последната единка во Монголија е видена во 1966 г.), но денес е востановен во своето матично живеалиште во неколку поважни заштитени области. Таксономската положба на ова животно сè уште е неутврдена, бидејќи некои стручњаци го смеаат за посебен вид, Equus przewalskii.

Животното може да се види во Зоолошката градина во Скопје.

Други народни имиња му се азиски див коњ и монголски див коњ. Стандардното име го добил по истакнатиот руски природонаучник и истражувач Николај Пржевалски (1839-1888).

Највеќето „диви коњи“ денес, како американскиот мустанг или австралискиот брамби, се всушност подивени коњи потекнати од питоми единки кои избегале да живеат во дивина. За разлика од нив, Пржевалскиевиот коњ никогаш не е припитомен и затоа денес е единствениот вистински див коњ на светот. Претставува еден од трите познати подвидови на дивиот коњот (Equus ferus) — другите два се домашниот коњ (Equus ferus caballus) и the изумрениот тарпан (Equus ferus ferus). Во дивината постојат подвидови од други членови на семејството на коњите, како што се зебрата и разните подвидови на африканското диво магаре, куланот и кијангот.