Imperio incaico ( Царство на Инките )

Царство на Инките или Тавантинсују — најголемо царство во претколумбовска Америка. Административниот, политичкиот и воениот центар на царството бил градот Куско во денешната држава Перу. Царството се издигнало од високите планински предели на Андите во 13 век. Од 1438 до 1533 година користеле различни методи за проширување на царството, од освојувања со мирни соединувања. Таа се протегала на западниот дел од Јужна Америка, од Еквадор до Чиле.

Службен јазик во Тавантинсују бил кечуанскиот јазик, иако стотина локални јазици и кечуански дијалекти се зборувале исто така. Кечуанското име на државата е Тавантинсују или Tawantinsuyu што во превод значи „четирите региони“ или „четирите ибединети покраини“. Пред реформите на правописот на кечуанскиот и ајмарскиот јазик често државата се пишувало како Тахуантинсујо. Името е составено од: tawan - „четири“, -ntin што означува „група“ или „унија“ и suyu што значи „регион“ или „покраина“. Така, царството било поделено на четири покраини и секоја покраина се спојувала со главниот град Куско.

Во царството се чествувале и славеле голем број на свети предмети или хуака, но раководството на Инките го охрабрувало населението да го слави Инти - богот на сонцето, но и останатите богови на Инките. Често Инките својот крал, Сапа Инка, го нарекувале „дете на сонцето“.

Destinations