Context of Албанија

Ова е статија за современата држава на Балканскиот Полуостров. За други значења на името видете Албанија (појаснување)

Албанија (албански: Shqipëri или Shqipëria; Shqipni или Shqipnia, исто така Shqypni или Shqypnia), или официјално Република Албанија (албански: Republika e Shqipërisë) — земја во Југоисточна Европа, сместена на Балканскиот Полуостров и Сердоземјето. Се граничи со Црна Гора на север, со Република Косово на североисток, Македонија на исток и со Грција на југ. Албанија има брег на Јадранското Море на запад и брег на Јонското Море на југозапад. Главен град е Тирана, кој воедно е и најголем град во државата.

Географски, земјата покажува различни климатски, геолошки, хидролошки и морфолошки услови, дефинирани на површина од 28.748 км2. Таа поседува извонредна разноликост со пределот кој се протега од планините Проклетие до ...Read more

Ова е статија за современата држава на Балканскиот Полуостров. За други значења на името видете Албанија (појаснување)

Албанија (албански: Shqipëri или Shqipëria; Shqipni или Shqipnia, исто така Shqypni или Shqypnia), или официјално Република Албанија (албански: Republika e Shqipërisë) — земја во Југоисточна Европа, сместена на Балканскиот Полуостров и Сердоземјето. Се граничи со Црна Гора на север, со Република Косово на североисток, Македонија на исток и со Грција на југ. Албанија има брег на Јадранското Море на запад и брег на Јонското Море на југозапад. Главен град е Тирана, кој воедно е и најголем град во државата.

Географски, земјата покажува различни климатски, геолошки, хидролошки и морфолошки услови, дефинирани на површина од 28.748 км2. Таа поседува извонредна разноликост со пределот кој се протега од планините Проклетие до топлото и сончево крајбрежје на Јадранско Море и Јонското Море. Албанија е мултиконфесионална, мултикултурна и мултиетничка земја. Најголениот дел од населението се етнички Албанци, но има и бројно грчко, македонско, ромско, влашко и црногорско население.

Историски гледано, областа на Албанија била населена со разни племиња од Илири, Тракијци и Стари Грци. Областа била припоена во 3 век од страна на Римјаните и станала составен дел на римските провинции Далмација, Македонија и Илирик. Автономното Кнежевство Арбарија било создадено во 1190 година, формирано од архонт Прогон во Кроја, во рамките на Византија. Во доцниот 13 век Карло I Анжујски ги освоил албанските територии од Византијците и го основал средновековното Кралство Албанија, кое со своето максимално проширување се протегало од Драч по должината на брегот до Бутринт на југ. Во средината на XV век, Албанија била освоена од страна на Османлиите.

Современата национална држава Албанија се појавила во 1912 година по поразот на Османлиите во Балканските војни. Современото Кралство Албанија било напднато од Италија во 1939 година, формирајќи Голема Албанија, пред да стане нацистички германски протекторат во 1943 година. По поразот на Нацистичка Германија, комунистичка држава насловена како Народна Република Албанија била основана под раководство на Енвер Хоџа и Партијата на трудот. Земјата доживеала општествени и политички трансформации во комунистичката ера, како и изолација од голем дел од меѓународната заедница. По Револуциите од 1991 година, социјалистичката република била распуштена и била основана денешна Албанија.

Политички, земјата е унитарна парламентарна уставна република и земја во развој со економија со повисок среден доход во која доминира терциерниот сектор проследен со секундарниот и примарен сектор. Економијата поминала низ процес на транзиција, по крајот на комунизмот во 1990 година, од централизирана во пазарна економија. Исто така, Албанија обезбедува и универзална здравствена заштита и бесплатно основно и средно образование на своите граѓани. Земјата е членка на Обединетите Нации, Светска банка, УНЕСКО, НАТО, СТО, Советот на Европа, ОБСЕ и ОИК. Исто така, Албанија е службен кандидат за членство во Европската Унија.

More about Албанија

Basic information
  • Currency Албански лек
  • Native name Shqipëria
  • Calling code +355
  • Internet domain .al
  • Mains voltage 220V/50Hz
  • Democracy index 6.11
Population, Area & Driving side
  • Population 2793592
  • Area 28748
  • Driving side right

Phrasebook

Здраво
Përshëndetje
Светот
Botë
Здраво свету
Përshendetje Botë
Ви благодарам
Faleminderit
Збогум
Mirupafshim
Да
po
бр
Nr
Како си?
Si jeni?
Фино, благодарам
Mire faleminderit
Колку е?
Sa kushton?
Нула
Zero
Еден
Një

Where can you sleep near Албанија ?

Booking.com
490.639 visits in total, 9.208 Points of interest, 405 Destinations, 15 visits today.