Context of Црна Гора

Црна Гора (црногорски и српски: Црна Гора / Crna Gora) — независна држава на Балканскиот Полуостров. Земјата на југозапад излегува на Јадранското Море, додека на запад граничи со Хрватска, на северозапад со Босна и Херцеговина, на североисток со Србија, на исток со Косово и на југозапад граничи со Албанија. Најголем и главен град на Црна Гора е Подгорица, а Цетиње е назначен за „престолнина“ на Црна Гора како поранешен кралски главен град. Црна Гора има површина од 13.812 квадратни километри и население од 620.079 (според пописот во 2011 година).

Историјата на Црна Гора датира уште од IX век со основањето на Дукља, вазална држава на Византија. За тоа време, Дукља била владеена од династијата Воисавлевиќи. Во 1042 година, на крајот од дваесетипетгодишното владеење, кралот Воислав победил во Битката кај Бар против Византија и Дукља станала независна држава. Својот подем и просперитет, Дукља ги здобила за време на владеењето на крал Михаило и неговиот син крал Боги...Read more

Црна Гора (црногорски и српски: Црна Гора / Crna Gora) — независна држава на Балканскиот Полуостров. Земјата на југозапад излегува на Јадранското Море, додека на запад граничи со Хрватска, на северозапад со Босна и Херцеговина, на североисток со Србија, на исток со Косово и на југозапад граничи со Албанија. Најголем и главен град на Црна Гора е Подгорица, а Цетиње е назначен за „престолнина“ на Црна Гора како поранешен кралски главен град. Црна Гора има површина од 13.812 квадратни километри и население од 620.079 (според пописот во 2011 година).

Историјата на Црна Гора датира уште од IX век со основањето на Дукља, вазална држава на Византија. За тоа време, Дукља била владеена од династијата Воисавлевиќи. Во 1042 година, на крајот од дваесетипетгодишното владеење, кралот Воислав победил во Битката кај Бар против Византија и Дукља станала независна држава. Својот подем и просперитет, Дукља ги здобила за време на владеењето на крал Михаило и неговиот син крал Богин. Од XI век државата почнала да се нарекува Кнежевство Зета, но оваа држава завршила со нејзиното инкорпорирање кон Рашка и почетокот на династијата Црноевиќи кога Зета почнала да се нарекува и со денешното име - Црна Гора. Од Отоманското Царство, Црна Гора се одделила во 1878 година. Од 1918 година државата била дел од повеќето политички формации на Југославија, за на 21 мај 2006 година на референдум Црна Гора гласала за независност, додека на 3 јуни истата година независноста и официјално била прогласена.

Според Индексот на човеков развој, Црна Гора е класифицирана како развиена држава. Црна Гора е член на ООН, НАТО, ОБСЕ, Советот на Европа и различни меѓународни организации. Црна Гора е во преговори за членство во ЕУ.

More about Црна Гора

Basic information
  • Currency Евро
  • Calling code +382
  • Internet domain .me
  • Mains voltage 230V/50Hz
  • Democracy index 5.77
Population, Area & Driving side
  • Population 612267
  • Area 13812
  • Driving side right

Where can you sleep near Црна Гора ?

Booking.com
490.159 visits in total, 9.198 Points of interest, 404 Destinations, 34 visits today.