Stećak ( Стеќак )

Стеќак, (кирилица српски) - стећак, ; множина:стеќци, (кирилица српски) стећци, е името на монументалните средновековни надгробни споменици, кои се распространети низ Босна и Херцеговина, и граничните делови на Хрватска, Црна Гора и Србија. Околу 60000 се наоѓаат во границите на денешна Босна и Херцеговина, а остатокот од 10 000 се наоѓаат на териториите од: Хрватска (4400), Црна Гора (3500) и Србија (2100), на повеќе од 3300 локации за жал на 90% се во лоша состојба.

За првпат се појавуваат во средината на 12 век, распространувајќи се на многу локации во 13 век, додека во 14 и 15 век, го достигнале својот потполн развој, пред да исчезнат за време на Отоманското освојување на Босна и Херцеговина на почетокот на 16 век.

Стеќците беа внесени во списокот на Светското културно наследство на УНЕСКО во 2016 година. Во неа се опфатени од 4000 стеќци на 28 некрополи - од кои 22 од Босна и Херцеговина, две од Хрватска, три од Црна Гора и три од Србија.