Context of Њујорк (град)

Њујорк (англиски: New York City) е најгусто населениот град во САД, и центар на метрополитенската област Њујорк, која е едно од најгусто населените урбани области во светот. Како град кој се смета за глобален водич, Њујорк влијае врз светската трговија, економија, култура, мода и забава. Како домаќин на седиштето на Обединетите Нации, претставува и јадро на меѓународните односи. Кога се зборува за градот, најчесто се користи неговото цело име градот Њујорк, со цел да се разликува од сојузната држава Њујорк, од која истоимениот град е дел. Во 2012 година градот Њујорк има население од околу 8.336.700 жители.

Сместен на природно пристаниште на брегот на Атлантскиот Океан во североисточниот дел на САД, градот се состои од пет урбани подрачја: Бронкс, Бруклин, Менхетн, Квинс и Стејтн Ајленд. Проценетата населеност на градот за 2008 година достигнува 8,3 милиони жители, и со површина од 790 км2, Њујорк е најгусто населениот го...Read more

Њујорк (англиски: New York City) е најгусто населениот град во САД, и центар на метрополитенската област Њујорк, која е едно од најгусто населените урбани области во светот. Како град кој се смета за глобален водич, Њујорк влијае врз светската трговија, економија, култура, мода и забава. Како домаќин на седиштето на Обединетите Нации, претставува и јадро на меѓународните односи. Кога се зборува за градот, најчесто се користи неговото цело име градот Њујорк, со цел да се разликува од сојузната држава Њујорк, од која истоимениот град е дел. Во 2012 година градот Њујорк има население од околу 8.336.700 жители.

Сместен на природно пристаниште на брегот на Атлантскиот Океан во североисточниот дел на САД, градот се состои од пет урбани подрачја: Бронкс, Бруклин, Менхетн, Квинс и Стејтн Ајленд. Проценетата населеност на градот за 2008 година достигнува 8,3 милиони жители, и со површина од 790 км2, Њујорк е најгусто населениот голем град во САД. Населението во метрополитенската област Њујорк е исто така во најголем број во државата, со 18,8 милиони во област од 17.400 км2. Исто така, и пошироката област на Њујорк, која во 2008 година била дом на 22.155 милиони. Њујорк е основан како трговски центар од страна на Холанѓаните во 1624 година. Тогашното гратче било именувано Нов Амстердам сè до 1664 година кога колонијата потпадна под контрола на Англија. Њујорк започнува да се смета за главен град на САД во периодот од 1785 сè до 1790 година. Градот, како најголем од сите градови во САД, почнува да важи како таков од 1790 година.

Многу области и културни знаменитости во градот се добро познати низ целиот свет. Статуата на слободата поздравувала милиони имигранти кои пристигнувале кон крајот на 19 и почетокот на 20 век. Волстрит во подолен Менхетн, е доминантен финансиски центар од периодот на Втората светска војна, и денес е седиште на Њујоршката берза. Градот е дом на некои од највисоките згради во светот.

Њујорк е град во кој се родиле многу културни движења, како што се Харлемската ренесанса во литературата и визуелната уметност, Апстрактниот експреонизам (исто познат како „Њујоршка школа“) во сликарството, хип-хопот, панкот, салсата, диското и Тин Пан Алеи во музиката, а претставува и дом на Бродвејскиот театар.

Њујорк е претпознатлив меѓу градовите во САД, поради големата употреба на средства за масовен превоз, од кои поголемиот број функционираат 24 часови дневно, за да се задоволат потребите на преголемиот број на жители. Во 2005 година, во градот се зборувле преку 170 јазици, а 36% од населението во градот биле родени надвор од САД. Понекогаш именуван како „Градот што никогаш не спие“ Њујорк има и други прекари: „Главниот град на светот“, „Готам“ и „Големото јаболко“.

Where can you sleep near Њујорк (град) ?

Booking.com
491.383 visits in total, 9.210 Points of interest, 405 Destinations, 53 visits today.