Окситански јазик

Окситански (познат и како „лангдок“ Lenga d'òc или Langue d'oc, на окситански: occitan [utsiˈta], lenga d'òc [ˈleŋgɔˈðɔ(k)]; или la lenga nòstra [laˈleŋgɔˈnɔstrɔ] т.e. „нашински“) е романски јазик што се зборува во Окситанија, јужна Франција, Окситанските Долини во Италија, Монако и Аранската Долина во Шпанија. Застапен ее и како јазична енклава во Гвардија Пиемонтезе (Калабрија, Италија).