كسكس ( Кускус )

Кускус (арап. كسكس, марокански арап. كسكسو), kuskus или ксексу) — северноафриканско јадење направено од кршена тврда (дурум) пченица варена на пареа, со пречник од околу 3 мм, која традиционално се служи со манџа. Слични јадења се подготвуваат од бисерно просо, сирак и други житарки, особено во Сахел, а јадењата од нив понекогаш се нарекуваат и кускус. Бисерниот или израелскиот кускус, познат и како птитим, е вид на тестенини.

Кускусот е основна храна во магрепската кујна во Алжир, Тунис, Мавританија, Мароко и Либија. Често се користи и во Франција, каде што кускусот го вовеле Французите со алжирско потекло и имигранти од Магреб - Алжирци, Мароканци и Тунижани.

Знаењата и вештините поврзани со производство на кускус и подготовка на јадења од него, во Алжир, Мавританија, Мароко и Тунис, во декември 2020 година биле впишани во списокот на нематеријално културно наследство на човештвото на УНЕСКО.