نوروز ( Новруз )

Новруз (персиски: نوروز: noʊruz , „нов ден“) – традиционален ирански празник Нова година кого го слават сите ирански народи, но и други народи кои се тесно поврзани со иранската култура. Обичајот за славење на Новруз се проширил во многу краишта на светот, вклучувајќи делови од средна и јужна Азија, северозападна Кина како и на полуостровот Крим.

Новруз го означува првиот ден на пролетта и почетокот на годината според иранскиот календар. Почнува со пролетната рамноденица која најчесто е на 21 март, односно ден порано или подоцна, во зависност од точката на посматрање. Обележувањето на Новруз датира пред исламското раздобје, а корените ги влече од времето на антички Иран. Тој е важен зороастриски празник кој има големо значење меѓу модерните зороастријци во Иран. Моментот кога Сонцето еклиптички го пресекува небесниот екватор прецизно се пресметува секоја година, а меѓу иранските семејства обичај е да се собираат и да го посматраат тој настан.

Од ахеминидско време службената нова година почнувала со денот кога Сонцето го напушта зодијакот Риби, односно кога ќе влезе во зодијакот Овен, што означува рамноденица или еквиноциј. Еврејскиот празник Пурим најверојатно е преземен од иранскиот Новруз, кој исто така силно влијаел и на традициите на исмаилиите, алавитите, алевитите, како и бахаиите.

Називот Новруз првпат се спомнува во персиските записи од 2 век п.н.е., но одбележуван е уште во времето на владеењето на иранската династија Ахемениди (648-300 п.н.е.), кога народите од бројните сатрапии на Персиското Царство доаѓале да му предадат дарови на персискиот владетел. Симболиката на Новруз е прикажана на релјефите на Дариевата ападана во Персеполис, на кои лав растргнува бик.

Destinations