Salvador

( Салвадор (Бразил) )

Салвадор, исто така познат како Сао Салвадор, Салвадор де Баија, (на португалски Salvador) — град на источниот брег на Бразил на Атлантскиот Океан и главен град на бразилската држава Баија. Со 2,9 милиони жители (2013), тој е најголемиот град во Североисточниот Регион и трет по големина град во земјата, по Сао Паоло и Рио де Жанеиро.

Основан од Португалците во 1549 година како прв главен град на Бразил, Салвадор е еден од најстарите колонијални градови во Америка. Остриот гребен ги дели Долниот град (Сидаде Баиша) од Горниот град (Сидаде Алта) од околу 85 метри височина. Лифтот Ласерда, првиот Бразилски лифт, ги поврзува двата дела од 1873 година. Областа Пелурињо во горниот град, која сè уште е дом на многу примери на португалската колонијална архитектура и историски споменици, беше прогласена за светско наследство на УНЕСКО во 1985 година. Градската катедрала е увид на приматот на Бразил, а нејзината прослава на карневал е сметана за најголема з...Read more

Салвадор, исто така познат како Сао Салвадор, Салвадор де Баија, (на португалски Salvador) — град на источниот брег на Бразил на Атлантскиот Океан и главен град на бразилската држава Баија. Со 2,9 милиони жители (2013), тој е најголемиот град во Североисточниот Регион и трет по големина град во земјата, по Сао Паоло и Рио де Жанеиро.

Основан од Португалците во 1549 година како прв главен град на Бразил, Салвадор е еден од најстарите колонијални градови во Америка. Остриот гребен ги дели Долниот град (Сидаде Баиша) од Горниот град (Сидаде Алта) од околу 85 метри височина. Лифтот Ласерда, првиот Бразилски лифт, ги поврзува двата дела од 1873 година. Областа Пелурињо во горниот град, која сè уште е дом на многу примери на португалската колонијална архитектура и историски споменици, беше прогласена за светско наследство на УНЕСКО во 1985 година. Градската катедрала е увид на приматот на Бразил, а нејзината прослава на карневал е сметана за најголема забава во светот. Салвадор беше првото пристаниште за робови во Америка и африканското влијание на потомците на робовите го прави центар на афро-бразилската (прето) култура. Градот е познат по својата кујна, музика и архитектура. Плажата Порто де Барра е прогласена за една од најдобрите плажи во светот. Стадионот Итаипава Арена Фонте Нова беше местото на градските игри за време на Светското првенство во Бразил во 2014.

Салвадор го формира срцето на богатата земјоделска и индустриска поморска област Ренокаво, Баија, и продолжува да биде главно бразилско пристаниште. Неговото метрополитенско подрачје, каде што живеат 3.953.290 луѓе, претставува најбогат населен дел во североисточниот регион на Бразил.

Photographies by:
Dejesus - CC BY-SA 3.0
Statistics: Position
1558
Statistics: Rank
79078

Add new comment

Esta pregunta es para comprobar si usted es un visitante humano y prevenir envíos de spam automatizado.

Security
526749138Click/tap this sequence: 8532

Google street view

Where can you sleep near Салвадор (Бразил) ?

Booking.com
491.367 visits in total, 9.210 Points of interest, 405 Destinations, 37 visits today.